Потребител:
Парола:
Регистрация | Забравена парола
Запомни моята идентификация
Монтела излиза в Бургас срещу "Черно море"?
Добави мнение   Мнения:2 1
GIANNI
09 Юли 2007 06:04
Мнения: 13,991
От: USA
:1+1: =
nikodim
09 Юли 2007 09:54
Мнения: 1,776
От: Bulgaria
Просто ми се видя доста забавен този коментар, та реших да го препечат-на.


Македонија Ѓ.П. „се удави“ во Черно Море

Бугарскиот прволигаш славеше со 4:0 во првиот меч од второто коло во Интер-тото купот за реванш со ревијален карактер во Бургас

САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ

Евро шлаканица за фудбалерите на Македонија Ѓ.П. Ја здобија од колегите од Черно Море кои во првиот меч од второто коло во Интер-тото купот на „Градски“ славеа со убедливи 4:0. Торпедирањето на прволигашот од скопската населба Ѓорче Петров доаѓа само седум дена по еуфоричната елиминација на кипарски Етникос.

„Тежок и превисок пораз. Имавме малку информации за противникот кој се покажа дека е силен тим. Черно Море ни' посочи дека нема што да бараме ниту овде во Скопје, ниту на реваншот наредниот викенд во Бургас. Во првото полувреме добро париравме, но по 55 минута кога го примивме голот нашата концепција и стратегија падна во вода. Тоа делуваше демотивирачки за моите играчи кои знаеја дека примен гол ќе значи и крај за надежите во Интер-тото купот. Само ми е жал што потоа примивме уште три гола. Јасно ми е колку можат моите фудбалери. Во македонскиот јазик имате еден убав збор, а тоа е толку. Сакавме, но толку беа можностите. Тука нема замерки. За овој млад состав успех е елиминацијата на Етникос“, рече на прес конференцијата по мечот кормиларот на ѓорчепетровци, Радмило Иванчевиќ.

Македонија Ѓ.П. солидно му парираше на противникот, но само во првиот дел во кој имаше две прилики за гол, двете од прекини. Стојановски му попречи на Димовски по нафрлената топка од слободен удар од десно на Милошевиќ во 13 минута. Во 30 минута Милошевиќ испали проектил од 20 метри, но гостинскиот голман Илчев не дозволи да биде совладан. Гостите во првите 45 минути речиси и да не му упатија закана на несигурниот Колев, кој со своите интервенции во неколку наврати потврди дека една од најслабите точки во составот на Македонија Ѓ.П. Но, затоа, пак, беше изрешетан во вториот дел во кој дури четири пати ја вадеше топката од сопствената мрежа. Черно Море поведе во 55 минута со евроголот на Радослав Бачев. По тој момент ѓорчепетровци комплетно се загубија на теренот, па следуваа уште три гола. За само две минути (71 и 72) Бразилецот Да Силва погоди два пати, а точка на евро настапот на Македонија Ѓ.П. во оваа сезона стави резервистот Стојанов во 81 минута.

„Ова ми е прва победа над Македонија Ѓ.П. по двата порази како тренер на Брегалница во минатото. Првото полувреме донесе рамноправна игра. Во вториот дел почувствувавме дека сме подобри и си завршивме работа. Задоволен сум играта што ја прикажаа моите фудбалери. Одигравме добро во сите фази, но ниту на сон не очекував толку убедлива победа“, изјави тренерот на Черно Море, Никола Спасов.

Македонија Ѓ.П. - Черно Море 0:4

Полувреме: 0:0. Градски стадион во Скопје. Гледачи: 3.500. Гл. судија: Алфонсо Перез Бурул. Помошници: Викторијано Диаз Касадо и Аурелио Асенсио Родригез (сите тројца од Шпанија). Ж. картони: Љамчевски, Стојановски (Македонија Ѓ.П.). Стрелци: Бачев во 55 мин., Да Силва во 71 мин. и 72 мин., Стојанов во 81 мин. за Черно Море.

Македонија Ѓ.П.: Колев, Димовски, Милосављевиќ, Јовановски, Љамчевски (Ристовски), Митрев (Исмаили), Брњарчевски (Исени), Кривокапиќ, Милошевиќ, Мојсов, Стојановски. Тренер: Радмило Иванчевиќ.

Черно Море: Илчев, Костадинов, Томовски, Александров, Бачев (Домакинов), Џоров, Георгиев (Стојанов), Андонов, Да Силва (Манолов), Пиреш, Димов. Тренер: Никола Спасов.



Статијата е прочитана 105 пати.


Правила за коментарите
Оставете коментар за објавената вест




Утренски весник
Добави мнение   Мнения:2 1